Услови за употреба

УСЛОВИ ЗА КУПУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИ И/ИЛИ УСЛУГИ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ

Овие Услови за купување на производи преку интернет (понатаму: Услови за онлајн купување), заедно со нашата Политика за приватност се важечки при Вашиот пристап и користењето на нашата интернет продавница и купувањето на производи и/или услуги нарачани преку нашата интернет продавница.

Со нарачката на производи и/или услуги од нашата интернет страница, Вие потврдувате дека сте ги прочитале, разбрале и сте се согласиле да бидете обврзани со овие Услови за онлајн купување и со останатите погоре наведени политики.

(1) Вовед

Од Вас ќе биде побарана изречна согласност дека сте се согласиле со овие Услови за онлајн купување пред да можете да извршите нарачка за купување на производ и/или услуги од нашиот веб-сајт.

(2) Толкување на поимите

Во овие Услови за онлајн купување, “ние” значи МАРКЕВ ДОО Зелениково, Скопје (“нас” и “нашите” ќе се толкува соодветно); и “Вие” значи нашите купувачи или потенцијални купувачи на производи и/или услуги (“Вашето” ќе се толкува соодветно).

(3) Производи или услуги

Сите наши производи презентирани на нашиот веб-сајт се достапни за онлајн купување. Сепак, некои производи може да не бидат достапни во моментот на процесирање на нарачката.

(4) Цени и плаќање

Цените за производите и/или услугите се дадени на нашата веб страница.

ВО МОМЕНТОТ ПОДРЖУВАМЕ ДВА НАЧИНА НА ПЛАЌАЊЕ И ТОА:

-Испорака до дома со откупнина (плаќање на врата при испорака)

-Плаќање со Банкарски Трансфер

Ние може да ги задржиме производите и/или услугите и/или да го раскинеме договорот помеѓу нас ако Вашето плаќање не е извршено во целост.

Прикажаните цени на интернет страницата се со вклучен данок на додадена вредност.

Цените на производите и/или услугите се подложни на промени во секое време, но промените нема да влијаат на договорите кои се во сила.

(5) Начин на испорака

Ние ќе организираме производите да се достават на адресата за испорака што е наведена во Вашата нарачка, и ќе се залагаме за испорачување на производите до вашиот дом во рок на испорака од најмногу 3 дена ,сметано од нашата потврда за прием на вашата нарачка.

(6) Ризик и сопственост

Од моментот на испорака, производите ќе бидат на Ваша одговорност. Сопственоста врз производите преминува на Вас откако:

– производите и/или услугите ќе се испорачаат; и
– целосна исплата на сите суми во однос на производите и/или услугите

(7) Гаранција за производите

Гаранцијата за производите е означена заедно со описот на секој производ поединечно.

(8) Враќање, рефундирање и замена

Производите и/или услугите може да бидат вратени до нас единствено по претходен договор, на Ваш трошок и според нашите насоки. Сите производи и/или услуги кои ќе бидат вратени во спротивност со овој Член нема да биде предмет на било какво рефундирање или замена и Вие и понатаму ќе бидете задолжени со плаќање на тие производи и/или услуги.

Во случај на враќање на производи и/или услуги до нас во согласност со одредбите од овој Член и доколку овие производи и/или услуги не се во согласност со гаранциите наведени во Членот [7], Вие ќе имате право да ги замените производите и/или услугите (кога замена е возможна) или, каде што ние се согласуваме, враќање на цената што е платена за тие производи и/или услуги.

(9) Ваши гаранции

Вие ни гарантирате дека:

– Вие сте правно способни за влегување во обврзувачки договори и имате целосно овластување, моќ и капацитет да се согласите со овие Услови за онлајн купување;

– информациите наведени во Вашата нарачка се точни и целосни; и
-Вие ќе бидете во можност да ја примите испорака на производите и/или услугите.

(10) Обештетување

Вие се обврзувате да ни ја надоместите штетата настаната од сите или било која обврска, загуба, штета, трошоци (вклучувајќи и правни трошоци и износи платени при спогодба на било чие барање, тужба или барање) настаното, директно или индиректно поради Ваша повреда на некоја од вашите обврски според овие Услови за онлајн купување.

(11) Ограничувања на одговорност

Ништо во овие услови на продажба нема да ја ограничи или исклучи Вашата или нашата одговорност за: (i) лична повреда предизвикана од невнимание; (ii) измама или лажни претставување; или (iii) било која состојба која е незаконски да се ограничи или исклучи или настојува да се ограничи или исклучи одговорноста.

(12) Откажување на Договор

Ние можеме да го откажеме договорот за снабдување на производи и/или услуги склучен во согласност со овие Услови за онлајн продажба веднаш со писмено известување до Вас, ако Вие не го исплатите на време и во целост, кој било износ кој ни го должите врз основа на било кој договор, или пак доколку направите било каков материјален прекршок на вашите обврски врз основа на било кој договор;

(13) Последици од откажувањето

По откажување на договорот согласно Член 12 ќе престане нашата обврска да ги доставиме нарачаните производи и/или услуги кои се недоставени во моментот на откажување.

(14) Општи одредби

Ние ќе ги третираме сите Ваши лични информации кои ги собираме во врска со Вашата нарачка во согласност со условите на нашата Политика за приватност.

Договорите склучени врз основа на овие Услови за онлајн продажба може да се менуваат само во писмена форма потпишана од двете страни. Ние може да ги ревидираме овие Услови за онлајн продажба, од време-на-време, но таквите измени нема да влијаат на условите од договорите што веќе сме ги склучиле со Вас.

Ако некоја одредба од овие Услови за онлајн продажба се смета за неважечка или неприменлива од страна на надлежниот суд, останатите одредби ќе останат во полна сила и ефект, а таквата неважечка или неспроведлива одредба или дел од истата ќе се смета за неважечка.

Вие не може да доделите, наплатите, да склучите под-договор или на друг начин да ги пренесете било кое од вашите права или обврски кои произлегуваат од овие Услови за онлајн продажба. Секој обид од Ваша страна за претходно наведеното ќе се смета за ништовен и неважечки. Ние може да овластиме, наплатиме, склучиме под-договор или на друг начин да ги пренесеме било кое од нашите права и обврски кои произлегуваат од овие Услови за онлајн продажба, во секое време.

Секој договор под овие услови на продажба е направен во корист на страните во него и не е наменет да има корист, или да се применуваат од страна на друго лице. Правото на страните да го раскинат, или да се согласат за некоја измена и дополнување, измена, откажување или порамнување од таквите договори не е предмет на согласност на било кое лице кое не е договорна страна на договорот.

Овие услови за онлајн продажба го содржат целосниот договор и разбирање помеѓу страните во однос на купување на производи и/или услуги од нашата веб страница и ги суспендираат сите претходни договори и спогодби меѓу страните во однос на купување на производи и/или услуги од нашата веб страница;

Овие услови на продажба ќе бидaт регулирани со законите на Р. Македонија и надлежност да ги решава споровите што произлегуваат од или во врска со овие Услови за онлајн продажба има Основниот суд Скопје 2 Скопје.