НАШАТА ПРИКАЗНА
Нашата компанија Маркев, го создаде Urban life,како концепт со ентузијазам и визија за внесување свежина и квалитет на македонскиот пазар. Компанијата ги базира своите операции на принципите на етичко, одговорно и одржливо работење.
Идејата е да воведеме новини и трендовски производи на пазарот, кои се со докажан квалитет и кои ќе го подобрат секојдневието на секој човек. Внимателно ги избираме брендовите и производите со кои работиме, се грижиме за имиџот на брендовите и нивната суштинска приказна да допре до секој потенцијален корисник.
Особено сме горди затоа што за овој период откако постоиме, успеавме да воспоставиме соработка со најголемите компании на пазарот во Македонија, кои го препознаа квалитетот и потребата за производи од нашето портфолио, и со задоволство ги сместија во нивните продажни места достапни за купувачите.