Како да не се враќате изморени и со главоболка од работа?
Во текот на денот сите поминуваме поголем дел од времето пред некаков екран – телефон, лаптоп, десктоп… Бескрајното скролање, пополнување документи и табели сигурно предизвикуваат секој ден дома да се враќате изморени, напнати и со главоболка. Како да ја промените оваа последица, кога веќе не можете да ја промените работата?
Она што најмногу ни пречи при изложеноста пред уредите и екраните е сината светлина која ја емитуваат. Оваа сина светлина го нарушува природниот циклус на спиење, предизвикува замор во очите, главоболки и предвремено стареење на кожата околу очите.
Па, ако веќе не можете да го намалите користењето на уреди кои се неопходни за работа, кое е решението?
Очилата против сина светлина се еден од најприфатливите и најлесно применливите промени во секојдневието. Тие одбиваат дури 99,8% од сината светлина и со тоа помагаат помалку да ги напрегате очите додека работите, спречуваат нарушување на сонот и генерално го подобруваат квалитетот на животот.
Предноста е што очилата за одбивање на сина светлина може да станат Вашиот нов заштитен знак, омилен аксесоар и детаљ кој ќе го надополни изгледот на работа, па и во секојдневието.
Покрај тоа што леќите на Barner моделите имаат специјално изработена обвивка за луѓето кои работат во затворени простории изложени на сина светлина, рамките доаѓаат во повеќе облици, бои, дезени и модели.
Она што ги издвојува Barner очилата од конкуренцијата е:
За кого се препорачуваат Barner моделите?
Моделите на Barner се прилагодуваат на возраста, обликот на лицето, лесни се и за носење и за одржување, а тоа ги прави погодни за секојдневна употреба за секаков профил на луѓе и работни позиции.
Препорачливи се посебно за луѓето во ИТ индустријата, како и сите канцелариски работни места чии обврски побаруваат постојано напрегање и концентрација во екранот.
Barner моделите може да варираат и да се прилагодат на стилот – од црна класика и елеганција, до шарен и дезениран шик изглед.
Напишете коментар