Infinitebook – Прецизно oрганизиран за висока продуктивност
Внатрешноста на планерот е внимателно осмислена за да ги покрие сите потреби на модерниот корисник:
To-Do листа и бесконечен бростор за белешки: Овие делови се идеални за брзо додавање на секојдневните задачи и мисли, овозможувајќи целосна организација и лесен пристап до најважното.
Неделен планер: За оптимално организирање на неделните обврски, планерот вклучува делови за секој ден од понеделник до недела, како и дополнителна колона „Не смее да се заборави“ за најважните настани и задачи во неделата.
Левата страница содржи „Професионална To-Do листа“, додека десната страна е посветена на „Лична To-Do листа“, која овозможува баланс помеѓу работата и приватниот живот, нешто што е клучно за продуктивноста во 21-от век.
„Годината во недели“ и преглед на цели: Една уникатна страница содржи 52 празни кругови – секој претставува една недела во годината, овозможувајќи простор за размислување за времето што поминало и планирање за иднината. Овде е и делот за „цели“ и „луѓе со кои треба да се стапи во контакт“, кој е корисен за следење на долгорочни состаноци, планови и обврски.
Месечен планер: Овој дел е наменет за преглед на месечните активности во најчист облик. Овозможува планирање на месецот како целина, а потоа разбивање на плановите по недели, денови и часови за прецизна организација.
To-Do листа за сечење: На последната страница се наоѓа едноставна To-Do листа, што може да се исече и залепи на фрижидерот, на таблата во канцеларија или дури и во преградата на автомобилот. Ова е мал, но многу корисен додаток за секојдневно планирање.
Сега убедени сте дека за максимална продуктивност ви е потребен само Infinitebook?
Напишете коментар