Торбата за на работа ви го „издава“ карактерот – Каква е Вашата?
Воопшто не е потребно да Ви се ѕирка во торбата и ситниците кои се во неа, за да се открие карактерот кој го носите – доволен е само еден поглед на моделот, дезенот, бојата…
Можеби овој тест на карактерот подобро ќе ви помогне да ги „прочитате“ колегите, а можеби и повеќе ќе внимавате на тоа каква слика оставате за себе во канцеларија, на состанок или службено патување.
Каква е вашата идеална торба за на работа?
Црна класика
Организирани сте и прецизни, но истовремено не сте многу оптоварени со надворешниот изглед. Ја сакате класиката, функционалноста и верувате дека елеганцијата и се секогаш проверен избор за прв впечаток. Сериозни сте, одговорни и најголемиот комплимент за Вас е кога ќе Ви кажат дека сте професионалци во она што го правите.
Спортски авантурист
Попрво би оделе на некое патување со лаптопот, отколку во канцеларија – но тоа е што е. Изборот на ранец открива дека сте авантурист, повеќе сакате да работите од терен, отколку да сте статични. Не ве плашат предизвици, напротив, потребни ви се за да сте ефективни и креативни на работното место.
Впечатлива боја
Сакате кога сте во центарот на вниманието и носите детали по кои луѓето ќе Ве забележат. Не се плашите од храбри избори и одлуки, па луѓето знаат да се потпрат на Вас кога работите се тешки и треба да се пресече. По природа сте весели, оставате впечаток дека сте безгрижни, иако потајно сте перфекционисти и одговорни.
Анимал принт
На Вашиот силен карактер му одговара секој анимал принт. Пораката која ја оставате е: моќ, луксуз и амбиции. Верувате дека знаењето е Вашиот најсилен адут и сакате кога околината се воодушевува на изборите кои ги правите. Уживате во пофалби и комплименти. Амбициозни сте, но истата амбициозност ја очекувате и од луѓето во Ваша околина.
Креативен дезен
На Вашата креативност ѝ нема крај, на секое поле и во секој дел од денот. Луѓето Ве обожаваат заради начинот на кој ви работи мозокот. Секогаш сте подготвени да ги решите проблемите со разбирање, не сакате да влегувате во конфликти. По карактер сте мирољубиви, но не сакате кога креативноста ви е попречена. Уживате во слободата и можностите да правите што и да посакате.